
Седум деца од Карпош во изолација , наставниците превентиво сами откажуваат предавања
Дел од Родителите утрово не ги однесоа своите деца на училиште,универзитетски професори на УКИМ ги одлагаат предавањата и вежбите на своите катедри. Ова се случи откако вчера во јавноста одекна веста за докторката која е позитивна на корона вирусот. И пред да бидат кажани препораките од Министгерството за здравство настаниците и родителите одлучија сами да преземат превентивни мерки.
Приватната гимназија „Нова“ превентивно им даде распуст на учениците. Средношколците од оваа гимназија нема да имаат настава 14 дена колку што трае инкубацијата на вирусот. Во Карош 6 основци се во домашна изолација.Неколку родители кои биле присутни на симпозиумот со заразената докторка, од вчера се во карантин па превентивно нивните деца денеска не ги пуштиле на училиште. Станува збор за две деца од основното училиште „Јан Амос Коменски“ , три деца од основното училиште „Владо Тасевски“ и едно од градинката „Пролет“.
И мајка на основец од училиштето „Киро Глигоров“ од Центар била на предавањето на докторката Цаца Билјановска. Таа е во карантин , а како превенција нејзиното семејство иако е со низок ризик од заболување сепак ќе остане 14 дена дома.
Од општините велат и до сега имало доволно средства за дезинфекција и сапуни во училишта и дека објектите се темелно дезинфицирани.
По зголемувањето на бројот на заболени од корона вирусот се купуваат и нови залихи.
Теодора Цветковска