
Седницата за Законот за јазици е одложена на неопределно време
Седницата на која требаше да се расправа на Законот за јазици, првично закажана за денес во 12 часот, па одложена за во 15 часот, и дефинитивно денеска нема да се одржи.
Практично не се пронаоѓа решение за повеќе од 35 илјади амандмани кои ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ за овој закон.
Опозицијата ја блокира работата на Собранието, но за овој закон најави дека ќе присуствува на седницата за Законот за јазици, и инсистира да има амандманска расправа.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, минатата недела изјави дека евентуална амандманска расправа, би го блокирала Собранието.