Седницата за уставните измени одложена за 16 часот (видео)

Собраниската седница за уставните амандмани е пролонирана за 16 часот, извести претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој не ја посочи причината за одложувањето на седницата. Веќе е договорено – ќе се менува преамбулата на Уставот на барање на Алијансата за Албанците. Извесно е дека е обезбедена и на поддршката од БЕСА  со што се стигна до потребните 80 гласа.  

Пред почетокот на собраниската седница генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацоски на прес-конференција информира дека е обезбедена поддршка од минимум 80 пратеници за усвојување на уставните измени.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ