Седница на влада во Битола

Невообичаена раздвиженост се чувствува денеска во Битола каде Владата ја одржува 159 седница, која  е прва од оние што ќе се одржуваат низ  градовите низ државата. Голем број министри на различни локации промовираа различни проекти. Вицепремиерот Кочо Анѓушев со менаџментот на РЕК Битола И ЕСМ,  најави повеќе активности во енергетскиот сектор. Следната недела ќе стартува мерката за целосно финансирање на инвертор клими  за 10 илјади семејства во најзагадените градови во државата Скопје, Битола, Тетово и Кичево.

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, во потпелистерието изврши увид во изградбата на пречистителната станица која ќе ги собира отпадните води во овој дел на Пелистер, а проектот е финансиран од ЕУ, УНДП, Министерството и Општина Битола.

Активности имаа и други министри. Министерот за транспорт и врски ја  најави почетоктот  на реконструкцијата на патот Битола-Могила, а министерот за здравство Веноко Филипче го посети Здравсвениот дом во Битола каде комеплетно е реновирана службата за итна помош и најави нови вработувања и инвестиции во здрватвото.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ