
Седница на собраниската Комисија за политички систем
Во Собранието за денеска е најавена седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, која, меѓу останатото, треба да расправа
На дневен ред на седницата се предлог законите за изменување и дополнување на законите за слободен пристап до информации од јавен карактер, за катастар на недвижности, за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, за заштита на личните податоци, сите во прво читање.
Членовите на Комисијата треба да расправаат и за предлог законите за изменување на законите за матичната евиденција, за вештачење, за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението во Република Македонија – И читање и за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, сите во прво читање.