Седница на Комисијата за уставни прашања

Првата седница на Комисијата за уставни прашања ќе започне денеска напладне, додека пленарната седница е закажана за понеделник. Неизвесно е присуството на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Од каде велат дека се уште не е донесена одлука.

Постапката за измена на Уставот би одела во три фази. Во првата, Собранието, со двотретинско мнозинство треба да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот. Во втората треба да се утврдат нацрт-амандманите и за тоа е неопходно просто мнозинство или 61 глас. Третата и последна фаза е усвојување на амандманите за што е потребно двотретинско мнозинство или поддршка од најмалку 80 пратеници.

Првата фаза започна вчера со доставувањето на предлогот за уставни измени од Владата до Собранието и таа може да трае најмногу 20 работни дена, односно 10 дена за дебата во собраниската Комисија за уставни прашања и уште 10 дена на пленарна седница на Собранието.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ