Сеад Кочан од Идризово во суд како сведок против поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Бизнисменот Сеад Кочан на кратко излезе од затворот во Идризово. Го повика обвинителката Лиле Стефанова во предметот „Титаник“ да сведочи дали фирмата „Траснмет“ со која копаше јаглен за Рек- Битола, добиваше тендери и заврши зад решетки, давала спонзорства на партиајта ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 2011-та. На прашањето на Стефанова, Кочан рече дека фирмата „Трансмет“ не се јавува како донатор на ВМРО-ДПМНЕ во 2011, а рече и дека не се сеќава дека ниту тој, лично, како физичко лице дал пари.

Затворската полиција по кртакто сведочење го врати Кочан во затворот, а пултот во судницата го презеде вториот сведок на Стефанова кој потврди дека фирмата „ДВД Пет“ трошоците за изнајмувањето на бина и осветлување за помали митинзи на ВМРО-ДПМНЕ наместо на партијата ги фактурирале на „Трансмет“.

Фактурирав таму каде што Логин ми даде инструкции. Јас не сум ги фактурирал туку претпоставувам дека откако сум ги добил инструкциите само сум се јавил на телефон во фирмата да им кажам за која фирма да направат фактура за да ни плати. Кога дојдоа истражителите од СЈО, констатиравме дека сме фактурирале на „Трансмет“,

рече сведокот Златко Кочишки.

ВМРО-ДПМНЕ како партија создала долг од 50 илајди евра, а ги платиле „Трансмет“, „Секјукирком“ и уште една фирма, тврди Лиле Стефанова која со ове сведоци се обидува да докаже дека Никола Груевски и Мартин Протоѓер преку Миле Јанакиески и Кирил Божиноски изнајмиле оперма и набавиле рекламен материјал. Биле должни да ги пријават како донација, но не ги внеле во регистарот на донации. Фактурите наместо кон политичката партија ВМРО-ДПМНЕ биле упатени да ги насочат кон правните лица, како услугите да биле извршени за овие правни лица, напиша Стефанова во обвинителиот акт.

Тие и уште 17 други се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ