
Се зголмува бројот на децата питачи
Постојано се зголмува бројот на децата питачи кои наместо во училишните клупи, се на улица. Со тоа расте бројот на неписмени, а сиромаштијата се продлабочува, покажуваат истражувањата на тимот екперти од Високата медицинска школа, вклучен во проект од ИПА програмата за прекугранична соработка со соседна Грција. Во Битола идентификувани се 239 деца кои живеат гетоизирани во супстандардни услови, а дури 32 питачат по улиците низ градот. Тие се на возраст од 0 до 18 години, а се злоупотребуваат и штотуку родени бебиња.
-Не треба да им даваме пари, затоа што ако тоа го правиме децата питачи продолжуваат да го работата тоа. Не можат да се вклучат во образованието, затоа што нивното семејство или луѓето кои ги пратиле да питаат ќе продолжат да ги користат затоа што заработуваат, вели д-р Гордана Ристевска Димитровска, психијатар на Високата медицинска школа-Битола.
Слична е состојбата и во соседна Грција, а со мигрантската криза зголемен е и бројот на деца питачи.
-Само на улиците на Солун секојдневно просат 250 деца. Етнички гледано има Роми, но и други националности, а во последно време тука се и децата мигранти, вели Јоана Петрици, координатор на проектот од грчка страна.
Во рамките на проектот, тим од експери и волонтери секојднево работат со децата од најсиромашните слоеви во општеството, а целат е да се обезбеди психосоцијлна заштита и едукација.
-Учествуваме во едукативни работилници, излегуваме на улица, ги учиме да пишуваат и разни други работи, одиме на терен, им помагаме се со цел да се зголеми нивната свест и да престанат да го прават тоа, вели Рената Димановска, волонтер.
Апелираат граѓаните кои сакаат да помогнат, волонтерски да се вклучат во активностите, затоа што секоја друга иницијатива е подобра отколку да им се даваат пари на децата питачи. Емилија Мисирлиевска