Се зголемува тензијата околу рудникот Иловица – Штука

За малку избегнат инцидент на синоќешната средба којашто ja организираше компанијата Еуромакс со жителите на општините Босилово и Ново Село. На настанот во Банско дојдоа и поголема група активисти против рудникот кои сакаа да влезат но обезбедувањето ги спречи во намерата.

Информативната средба според организаторот е со цел граѓаните да можат да разберат за каков проект станува збор како и можностите за вработување.

Граѓаните кои што го поддржуваат отворањето на рудникот велат дека се разочарани од земјоделието и таму гледаат можност да се вработат.

Рудникот Иловица – Штука веќе втора година е жешка општествена и политичка тема. Концесионерот вели дека проектот е модерен и безбеден и сакаат да почнат со работа, додека граѓанските здруженија бараат локалната и централна власт да застанат на нивна страна и да го спречат отворањето.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ