
Се зголемува парламентарното мнозинство
Се зголемува парламентарното мнозинство. Премиерот Заев очекува во текот на идната недела да завршат преговорите со Демократската партија на Турците, по што ќе отпочнат разговори со двете крила на БЕСА.
Утре во Собранието Заев ќе се сретне со лидерот на ДУИ Али Ахмети, каде ќе разговараат за можноста неколку партии да влезат во Владата.
„Ставот на владејачкара коалиција е да ги отвориме вратите за сите, затоа што претстои клучен период за развој на земјата кога имаме преговори за името и носење реформски закони како услов за препорака за членство во ЕУ“, вели Заев. Во однос на шпекулациите дека се водат и разговори со ДПА , Вицепремиерот Хазби Лика смета дека доколку тоа се случи, тогаш вреди да се размисли и дека тие не се партија која го попречува проширувањето на парламентарното мнозинство.
Поделбата на министерските места ќе биде вториот чекор, за кои засега според премиерот се уште не се размислува. Сигурни се само позициите на министрите преку кои се одвива процесот на земјата во НАТО и ЕУ. Ќе има и смени на неколку директори на јавни и државни претпријатија.
Јулијана Пешевска