Се засилува економската соработка со Русија, Заев негира дека бара алтернативи за ЕУ

Руските компании да влезат на македонскиот пазар, да ги искористат бизнис поволностите што ги нуди земјава, да инвестираат и да реализираат заеднички проекти со македонските партнери во енергетиката, гасификацијата, туризмот и земјоделството, апелираше премиерот во обраќањето со кое го отвори денешниот Македонско-руски бизнис форум.

Ќе се формираат и посебни работни групи што ќе работат на проширување на соработката и проекти од заедничка корист. Информираше дека размената со Русија сега учествува со само 1,1 отсто во вкупната трговска размена на Македонија со светот. Извозот е 0,5 проценти, а увозот 1,4 проценти, што вели дека е незначително во споредба со можностите на Русија.

Сепак, тврди дека, сето ова не значи никаква порака до ЕУ, ниту, пак,  алтернатива во случај да не добиеме датум за почеток на преговори.

На прашањето, колку од неговите фирми извезуваат во Русија, Заев рече дека тоа засега е само Мамас, но не знаеше да каже во колкав процент.

Рускиот заменик-министер за индустриски и трговски развој, пак, порача дека македонската влада треба да создаде услови за интензивирање на економската соработка.

И вицепремиерот апелираше стопанските комори да препознаат дека Русија е голем пазар и нуди многу можности.

Ги покани големите ланци на супермаркети да отворат дистрибутивни откупни центри за земјоделски производи, што ќе го олесни извозот.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ