
Се загреала со 5 илјади евра во студената ноќ-Тинејџерка ограбила старец во Свети Николе
19-годишна девојка од светиниколското село Горобинци е приведена поради тоа што полицијата во Свети Николе ја осомничила за кражба.
-Таа, на 15.12.2019 во 01.00 часот отишла во куќа сопственост на М.Ј.(79) на ул.„4-ти Јули“ во Свети Николе и под изговор дека и било ладно, побарала да влезе и да се стопли. М.Ј. ја пуштил внатре и во еден момент кога излегол од собата, од дрвено сандаче одзела пари во износ од 301.700 денари (5 илјади евра) во разни апоени, по што ја напуштила куќата. Парите му биле вратени на сопственикот, а против приведената А.П. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти полицијата.