
Се врши претрес во фирмите на Орце Камчев
Специјалното јавно обвинителство потврди дека е влезено во повеќе фирми на повеќе лица, меѓу кои и во фирми на Орце Камчев.
Неофицијално станува збор за истражна постапка која ја води СЈО, но не за сега не откриваат за кои кривични дела и колку точно лица и фирми се опфатени.
Камчев предходно беше повикан во СЈО, не открија во кое својство или за кој случај.