
Нема обдукција за починатиот пациент во “8 септември”
Се` уште стои отворено прашањето зошто не е направена обдукција на 58 годишниот Владо Ристески, пациент од психијатриската болница Бардовици, кој почина по пад по скали.
Од болницата 8ми септември, во која беше пренесен и по четири дена им подлегна на повредите, не добивме одговор ниту по неколку писмени барања. Детали има само за неговото лекување и за смртта, но не и за обдукцијата. Велат дека одговорот на ова прашање е заглавен „ по пат“ во административните ходници, и дека најверојатно неговото семејство одбило да се направи обдукција .
Но, законот за здравствена заштита е јасен, обдукција на пациент кој починал во здравствена установа мора да се направи дури и ако семејството на пациентот одбива.
Првиот човек на Судска медицина вели дека обудукцијата е потребна за да се расчистат било какви нејаснотии и блиските на починатиот да бидат сигурни од што и како го загубил животот.
Во меѓувреме , во телефонски разговор за Телма братот на починатиот, Слободан Ристески тврди дека ОЈО веќе отвориле предмет за случајот на Владо , и како што вели тој, смртта на неговиот брат се води како незнајна смрт.
Теодора Цветковска