Се уште неизвесна одлуката дали 4-те спорни фирми со вмешаност на функционери ќе добијат средства од Фондот за иновации

Фондот за иновации се уште не кажува што ќе се случи со средствата кои ги добија на конкурс 4- компании, а западнаа во скандали заради вмешаност на сегашни и поранешни јавни функционери. На денешото промовирање на нови еден милион евра за „старт-уп“ бизниси за нови и веќе постоечки фирми, директорот на фондот Јован Деспотовски вели прво да се почека на сила да стапи механизмот за проценка од ризик, да се проверат овие фирми, па одново да одлучи комсијата дали ќе ги добијат парите од фондот.

Додека прогласот заживее како документ, на ум треба да го имаат идните апликанти посочи Деспотовски, кој што на во јавна презенатација во холот на Економскиот факултет привлекуваше идни бизнисмени.

Летото за Фондот измина во скандал откако беа распределни 10,4  милиони евра на седумдесетина фирми. Една од фирмите „Т- сенс“ во којашто малцински сопственик е сопругата на министерот за култура Асаф Адеми е на листата за проверка за 65 илјади евра за иновација за софтвер за продажба на производи на скандинавскиот пазар.

Христина Керкез, снаата на советничката за култура на премиерот Зоран Заев, Цветанска Ласкова, призна поврзаност со функционери, а првично фирмата каде што работи доби 360 илјади евра државни пари фирмата за информатичка технологија.

Другите две спорни фирми се  „Микросам“ каде малцински акциоенр е Веле Самак. За печатарски технологии 50 илјади евра се доделени на член на потесното семејство на поранешниот македонски амбасадор во Велика Британија Јован Донев. Додека трае постапката за 77 фирми и реоценувањето на овие четири фирми јавното обвинителство соопшти дека отвора предистрага за да испита дали е сторен криминал во распределбата на 10 милиони евра финансиска помош на мали и средни претпријатија.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ