
Се уште не работи мамографот во Штипската болница
Повеќе од една година е расипан мамографот во штипската Клиничка болница, а на кој се вршат прегледите за рак на дојката. Директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев вели дека извршиле порачка на спорниот дел, но графичката плочка од Јапонија до Штип патува од октомври.
Поправката на мамографот е итна, ако се има предвид дека ракот на дојката е причина број еден за смртноста на жените во источна Македонија. Пациентите од Штип мора да патуваат во соседните општини Свети Николе и Кочани, каде што функционираат овие апарати. Инаку мамографот е релативно нов и е инсталиран во 2015 година. Во земјава годишно се откриваат околу 830 случаи на рак на дојката.
Викторија Јованова