СЈО згаснува. Ќе се селат “бомбите” од “Рузвелтова”

Новата зграда за обвинителството за организирнан криминал која се уште не е готова, е една од опциите каде би можеле да се преселат прислушуваните разговори кои во моментот се чуваат во објектот на Рузвлетова, кој уште многу кратко време ќе ја носи таблата на СЈО. На 30-ти јуни стапува на сила новиот закон за јавно обивнителство и престанува  важењето на законот со кој се формираше СЈО. Државното обвинителство кое ги наследи прислушуваните разговори, се уште нема конкретно решение каде ќе ги вдоми. Републичкиот обвинител Љубомир Јовески во разговор за Телма најавува дека периодов ќе донесе конечна одлука, но за сега како главна опција се гледа во зградата на поранешниот архив, каде треба да се пресели Обвинителството за организиран криминал, во која ќе се обезбедат услови со високи безбедносни стандарди за чување на бомбите. Малку е веројатно дека овој објектот кој подолго време се подготвува да биде  ќе биде готов до крајот на месецов, но државниот обвинител вели до целосно завршување на овој објект бомбите ќе останат таму каде што се сега и за тој објект ќе плакаат кирија.

Новиот закон за ЈО ја предвидува и судбината на сите бомби. Оние кои се користеа како докази во судските предмети ќе се уништат во рок од три месеци откако целосно ке завршат постапките со вонредните правни лекови. Во истиот рок ќе можат да се уништат и останати материјали од незаконско прислушуваните материјали, кои не се предадени како докази во судовите и кои не се дел од предметите кои се во фаза на истрага, но овие бомби не можат повторно да се преслушаат и да се употребат во постапките.

Но со бришењето на СЈО од мапата на постоечките обвинителства се отвораат и други прашања за пораншените обвинители на СЈО кои иако се вратија во редовните обивнителства, се уште во зградата на СЈО продолжија да ги  работат предметите и истрагите, но и за другите вработени.

-Статусот на обвинителите останува како што е. Тое ќе можат да си продолжат да постапуваат по предметите како и до сега, без разлика каде физички ќе бидат сместени. Истражителите од СЈО ќе настојуваме да ги задржиме за потребите на истражните центри, а на останатите вработени меѓу кои и стручните соработници им престанува работниот однос со престанување на функонирање на СЈО, бидејќи во договорите за работа имаат заснован работен однос на определено време во СЈО, вели Јовески.

На службениците вработени во СЈО им доцнеа и платите повеќе месеци, но минатиот месец владата со ребалансот на буџетот им ги исплати. А по притворањето на пораншената шефица често во овој објект се соочуваа и со проблеми како неплатени сметки.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ