Се урна напуштена куќа во Тетово

Додека дел од објектот се уривал, а градежниот шут паѓал на тротоарот и улицата, децата си играле на овие јавни површини, но за среќа е избегната трагедија, камењата и земјата не повредиле ниту едно лице. Жителите откако претпладнево слушнале силен тресок, помислиле дека нивните деца се затрупани под шутот.

„Ѕидот овде падна денеска, детето ми беше надвор. Инфаркт ќе добиев, паднав. Мислев дека ѕидот ми го удри детето. Треба некој да преземе одговорност за ова. Деца имаме. Кога ќе биде нешто тогаш кој ќе дава одговор?“ кажа жител на Тетово.

Велат дека уште вчера забележале дека објектот не е стабилен и во секој момент може да се урне. Неколкупати алармирале и ги повикале општинските власти да го пронајдат сопственикот и да го решат проблемот, кој секојдневно сее страв во ова тетовско мало лоциран на улица 110 во Тетово наспроти основното училиште Наим Фрашери. Досега не добиле никаков одговор. Се’ уште живеат во страв и неизвесност.

„Ама се гледаше дека и од вчера ова некако сомнително ми беше. Ние сме се јавиле неколкупати, во општина, таму ваму. Но, никој не презема ништо. Ова треба или да се руши или да се преземе нешто. Во меѓувреме ова пак ќе падне“ кажа жител на Тетово.

Жителите сами го остранија градежниот шут од овој дотраен објект. Вакви напуштени објекти низ Тетово има во секое тетовско мало. Но, општинските инспектори засега не преземаат соодветни мерки за пронаоѓање на сторителите, кои треба да ги урнат или заштитат руинираните куќи.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ