
Се уништува крајезерскиот простор во Охрид, алармираат екологистите
На западното крајбрежје од Охридското Езеро, на потегот помеѓу Струга и Калишта, во тек градежни активнати на одредени локации на што претходеше палење на трската. Еколостите вклучени во мониторингот на Охридското Езеро, стравуват дека ова е само почеток кон целосно уништување на крајезерскиот простор кој е природно живеалите на голем број видови флора и фауна.
Сето ова се случува по најавите за државата за преземање на ингеренциите над плажите на Охридското Езеро, велат екологистите, што дополнително може да влијае на статусот на регионот кој е прогласен за светско природно наследство, на што реагираше и УНЕСКО.
Глетката е ужасна. Оваа ситуација не беше спомната во одговорот на македонските институции до УНЕСКО. Свесно е премолчено ова намерно уништување на природата, појасот трска кој е овде најконзистентен. Сите молчат, локацијата е надвор од градот, незабележлива, што е уште еден поволен момент за овие узурпатори.
За случувањата на струшкото крајбрежје одговорна е општината велат од Министерството за транспорт и врски.
Согласно препораките од Одлуките на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство а во насока на поефикасно управување со плажите, Владата на Република Северна Македонија го задолжи Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за животна средина и просторно планирање да изнајдат решение за надминување на сегашната состојба.
Во однос на временската рамка, потребно е да се направат измени во Законот за градежно земјиште и истите да се изгласаат во Собранието.
Не се случува ништо драматично на струшката ривиера тврди градоначалникот Рамиз Мерко. Се работи за уредување на приватни имоти, онака како што се прави на целото Езеро, вели тој.
Телма стапи во контакт и со Државниот инспекор за животна средина Игор Трајковси кој не информираше дека извршил увид на струшката ривиера, при што констатирал дека се работи за активности на приватен имот и дека нема уништување на трската во езерото, за што како што истакна, надлежни се соодветните инспекторати за земјоделество и градежништво.
Горан Момировски