
Се укинуваат сметкопотврдите
Се укинуваат сметкопотврдите. Овој документ што служеше за правдање на трошоци и за право на одбивка се користи уште од времето на СФРЈ, а во повеќето земји одамна е исфрлен.
Со измените на законот за ДДВ, сега правото на одбивка ќе се остварува само со фискална сметка или со картичка во износ до 6 илјади денари.