Се трујат кучиња во Охрид

На повеќе локации во Охрид деновиве расфрлан е отров од кој пцовисаа голем број бездомни животни, но и миленици. Вознемирувачките фотографии од убиените животни ги запалија социјалните мрежи. Реагираа и активистите за заштита на животни, кои предупредуваат дека отровот не претставува закана само за животните, туку и за луѓето.

Случајот е пријавен и евидентиран и до надлежен ветеринарен инспектор, а поднесена е и пријава против непознат сторител. Според активистите,труењето нема да го реши проблемот со бездомните животни, за што е потребно системско решение и поголема контрола.

Во насока на решавање на проблемот со безомните кучиња, но и спречување на нападите врз луѓе, кои зачестија во последно време кај нас, професионалниот дресер на кучиња Ефто Стојаноски изготви предлог програма за превенција, која ја доставил до Владата.

Стојаноски предупредува дека низ улиците шетаат многу агресивни кучиња, но многу поопасни се милиниците кои се чуваат во несоодветни услови.

„Се чуваат многу опасни кучиња во дворовоте несоодветно заштитани, а доколку тоа куче се ослободи од ланецот, а може многу лесно и излезе на улица, првото дете кое ќе го види че го убие“, рече Стојаноски.

Стојаноски предлага секоја општина задолжително да изгради мини стационар каде ќе се згрижуваат и соодветно третираат опасните раси на кучиња, кои ќе работат под надзор на стручнни лица кои ќе вршат проценка дали истите можат да бидат вдомени или треба да се успијат.

Горан Момироски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ