
Се стега обрачот околу судиите
Министерката за правда со писмо до претседателите на судовите им порачува да си ги вршат законските обврски и да не толерираат одолговлекување на судења и застарување на предмети. Им укажува ако судијата без оправдани причини не закажува рочишта за некој предмет или на друг начин ја одлговлекува судската постапка тоа е основ за нестручно и несовесно работење но и дека претседателите на судовите се должни да го известат Судскиот совет за оние судии кои направиле потешки дисциплински повреди. Доколку претседатлеот знаел а не пријавил тогаш може да биде поведена постапка за негово разрешување. Дескоска ги потсети претседателите и што пишува во судскиот деловник
Претседателот на судот врши редовен надзор над навременото и редно извршување на работите во судот најмалку два пати годишно”… Како претседател на суд, имате надлежност и обврска да извршите увид. Очекувам за вашите сознанија да го известите Судскиот совет на РСМ во најкус можен рок,
пишува Дескоска.
Претседателите на скопските судови, кривичен, граѓански и апелција денеска не сакаа да ги коментираат укажувањата кои доаѓаат од извршната власт. Велат писмото се уште не го добие а за него разбрале од медиумуите.
Периодов фокусот е интензивно свртен кон правосудството. Министерката за правда неколку пати јавно им испрака пораки на судиите и претседателите на судовите- од тоа дека молчат за застарувањата на предметите а подигнуваат глас само за плати, до тоа дека треба да има ветинг во правосудството. Антикорупциска најави проверка на имотната состојба на судиите а шефицата на организиран криминал се подготвува за финансиски истраги.
Високопрофилните случаи од организиран криминал и корупција најдолго се одложуваат на почетокот (додека да почне судењето со воведни зборови) покажале анализите на Колацијата за правично судење.
Петровска, објаснува дека постојат и други фактори кои влијаат на застарување на предмети освен одложување на рочишта. Некогаш за тоа може да бидат големиот број на докази што треба да бидат изведени.
Покрај предметите кои траат неколку години а има и такви што застареа, Петровска потсетува дека некои сериозни предмети во Кривичниот суд завршија релативно брзо и за нив веќе има правосилни пресуди.
Елена Ивановска Мукоска