Се смирија фоторепортерите и владината прес служба

Фоторепортерот Борче Поповски денеска слободно фотографираше моменти од лидерската средба. За разлика од вчера, кога нивното место пред влезот на клубот на паретници одеднаш стана безбедносна закана.

Борче заедно со останатите колеги вчера си замина, а тешките зборови кои му ги припишаа на Марјан Забрчанец советник на премиерот се дека 11 години новинарите молчеле и трпеле кога ги газеле. Забрчанец денеска се обидуваше да ги спои скинатите конци со медиумската фела. Падна и договор и слика со фоторепортерите, но остана сеќавањето на неговиот коментар.

Но смена на Забрчанец побара опозицијата која претходно ги владееше тие 11 години, ВМРО-ДПМНЕ го осуди инцидентот и бара власта да не заплашува медиумски професионалци. Советникот пак вели дека во иднина за вакви настани ќе има договор во согласност со безбедносните проценки. Зошто безбедносниот протокол е сменет и имало ли безбедносна закана во очи на лидерската средба.

Инциденот беше осуден и од новинарските здруженија, синдикатот, и агенцијата замедиуми, за ЗНМ вакви непотребни инциденти ги враќаат сенките од минатото и ја компромитираат и заложбата на новата власт за транспарентно и отчетно владеење. Од синдикатот велат дека добро е што надминат проблем сличен на оние со кои медиумските работници со години се бореа.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ