
(видео)Се самозапали 46-годишен маж од Кочани
Во Трговскиот центар во Кочани точно напладне се самозапали 46-годишен маж. Очевидците на настанот, кои седеле во околните кафулиња велат дека лицето се полеало со бенизин, по што извадило запалка и се запалило.
Граѓаните веднаш излегле и со помош на противпожарни апарати од кафулињата и дуќаните го изгаснале пламенот. 46 годишниот маж веднаш е однесен во кочанската болница, но поради тешките изгореници е веднаш хоспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје.
Според кочанци кои биле сведоци на настанот станува збор за суициден чин, пред да се самозапали не кажал ништо како протест.
Од кочанскиот Центар за социјални работи велат дека ова лице не е корисник на социјална помош, а кочанци велат дека има семејство, но изминатите години го имаат забележано, како по улиците оди безцелно. Полицијата врши увид на лице место.
Викторија Јованова