
Се самоубил поранешниот возач на Хазби Лика
Фатмир Тахири, кој порано бил возач на ексвицепремиерот Хазби Лика, а сега вработен во Тетовската локална самоуправа се самоубил, говорат информациите на СВР Тетово и јавното обвинителство, кои извршиле увид на лице место во близина на тетовскиот плоштад каде били пронајдено телото во возило „форд фокус“.
Безживотното тело го пронашол неговиот син и веднаш случајот го пријавил во полиција. Дека најверојатно станува збор за самоубиство попладнево потврди и Министерот за внатрешни работо Оливер Спасовски.
Наша екипа беше на местото каде се уште стоеше возилото каде беше пронајдено телото на Тахири. во близина на крстосницата на улиците Киро Ристовки-Дранц и Андреја Стојановиќ. Семејството не ни дозволи одблиску да снимаме. Според засега непотрдени информации, на стаклото од автомобилот биле забележани дупки од огнено оружје.
Фатмир Тахири работел во тетовската локалната самоуправа на Општина Тетово во секторот за урбанизам од 2005 до 2009 година, кога градоначалник на Тетово беше Хазби Лика. Тахири работеше во кабинетот на градоначалникот а повремено бил негов возач.
Зоран Димовски