Се размислува и за полициски час за претстојниот викенд

Осумдесет и девет новозаболени од коронвирус и седум починати е билансот на епидемијата на Ковид-19 во земјава во последните 24 часа. Тоа ја натера Комисијата за заразни болести да разгледува враќање на дел од рестриктивните мерки меѓу кои и полицискиот час, но на локално ниво.

„Се планираат, ако треба, ако се наметне потреба некакви посебни мерки, да не бидат на национално ниво затоа што нема потреба. Во Чаир, Гази Баба, Сарај, Студеничани и т.н. Штип и околината“, рече Венко Филипче, министер за здравство.

Сепак, за претстојниот празник Задушница и продолжениот викенд не е исклучено да биде воведен полициски час и на целата територија на државата.

Инаку новите случи денеска 35 се од Скопје, 27 се од Штип, додека Куманово по неколку дена едноцифрени бројки на заразени денеска има 12 нови случаи. Во Тетово се регистрирани седум нови случаи, во Кочани има четворица, додека по еден регистрираа Прилеп, Гостивар, Струмица и Свети Николе. Вкупната бројка активни случаи во Скопје сега е 298, каде најмногу од новите случи се во Чаир. На листата со најмноги активни случаи следно е Тетово со 83, следен е Штип со 68, па Куманово со 55 случаи, 30 Прилеп и 27 Велес. Резултатите се добиени од 727 теста од кои 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи во Приле и во Скопје, од каде како позитивни се покажале три случаи и тоа од геронтолошка установа во Скопје.

Инаку Македоија денеска брои најголема број на починати од почетокот на епидемијата – седум лица. Две се од Скопје, две од Куманово, еден стружанец и двајца тетовци.  Најстариот од нив бил на 83 години, а најмладиот на 44.

Но, и покрај новите високи бројки на заразени и починати, Комисијата за заразни болести тврди дека пандемијата не е излезена од конрола, бидејќи се знаат кластерите и нивните контакти.

„За Скопје, околу 70% од сите нови случаи се од веќе познати кластери, пред се од општините Чаир и Сарај каде интензивнос е работеше изминатите денови. Денеска веќе во Сарај нема голем број на новодијагностицирани, само двајца. Значи тука ситуацијата е спласната, останува интензивна работа во населбата Чаир и денеска интензивно се работи освен во Чаир и во Студеничани“, рече Филипче.

Министерот за здравство даде и проценка и за бројот на заболени во наредните днеови.

„И во следните два до три дена бројот ќе биде случен. После тоа може да кажеме проценка, претпоставки и некоја прогноза согласно тоа колку контакти ќе дадат тие следни новодијагностицирани“, информираше Филипче.

Дури за викендот, вели Филипче, се очекува промена на ваквата слика. Тој притоа информира дека здравствениот систем може да одговори на новонастаната ситуација бидејќи поголемиот број од новозаболените имаат лесна клиничка слика или се асимптоматски.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ