Се проценува штетата во Охрид

По вчерашното невреме проследено со силен ветар од југ кој дуваше со брзина од над 90 километри на час,  Охридското Езеро денеска е мирно. Остатоците од инвентар и отпад кои плутаат на површината и уништените платформи на угостителските објекти во центарот на градот изградени во вода потсетуваат  на разорната моќ на брановите кои целосно го уништија дрвениот мост на желбите и  предизвикаа оштетувања на плажите и објектите во населбата Канео. Во расчистувањето на последиците од невремето се вклучија општинските јавни претпријатија коии имаат полни раце работа.

Угостителите чии објекти настрадаа од езерските бранови, се уште ги бројат штетите. Но она што најмногу ги загрижува е високиот водостој на езерото кое е неколку сантиметри над максимумот.

Синоќа заседаваше општинскиот кризен штаб, кој информираше дека од утре правните и физичките лица можат да пријавуваат штети од невремето до надлежната комисија на локалната самоуправа.

Горан Момироски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ