
Се преврте камион на автопатот Скопје – Тетово
Камион се преврте на автопатот Скопје – Тетово. Возачот изгубил контрола над возилото, а неофицијално бил под дејство на алкохол. Полесно е повреден, а за среќа не удрил во други возила на патот. Поради сообраќајката, полицијата го пренасочи сообраќајот преку селото Желино.
Пожарникарите реагирале веднаш по примените повици. Го извлекле полесно повредениот возач, а потоа го исправаа возилото. Констатирале и каква штета претрпел самото возило.
На увидите екипи им требаа околу два часа да направат анализи на самото место на несреќата, за кое и од пожарната ни потврдија дека е локација која често сведочи за сообраќајни несреќи.
Петар Догов