Се превете македонски автобус во Србија, тројца загинати

Автобус со македонски регистарски таблици сепревртел во близина на Лесковец во Србија. Според тамошните медиуми несреќата се случила околу 1.45 по полноќ на автопатот во близина на исклучувањето кон Лесковац. Автобусот излетал од патот и се превретел, јавуваат српските медиуми. Како што јавува РТС во несреќата загинале три лица, а 32 се повредени. Во болницата во Лесковац примени се 28 лица, а во во болницата во Ниш четири. Автобусот тргнал синоќа околу 20 часот од Прилеп и патувал кон Виена.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ