Се преговара за нова локација на барокната гаража кај „Автомакедонија“

Преговори за размена на земјиште за да се спречи изградба на катната гаража кај Автомакедонија се воделе и во Владата, по барање на Никола Настески сопственикот на парцелата за катната гаража.

  • Со цел и Владата да биде запознаена со целата работа, бидејќи по Законот за градежно земјиште финалната одлука за размена ја донесува Владата, одржавме состанок заедно со градоначалникот на Центар и мојот адвокат, во просториите на генералниот секретар на Владата. Тој целосно даде поддршка за ова прашање, стои во дописот на Никола Настески, испратен до медиумите.

Од Владата ни одговорија дека на состанокот на Настески му било укажано дека за изградба на објектите на територијата на Општина Центар надлежен е градоначаалникот .

Настески денеска преку допис реши да ја извести јасвноста како што вели за „втората страна на работа“ . Во дописот вели дека пет години откако ја добил градежната маркица неговата фирма трпи големи штети затоа што и покрај  фактот што добил судска пресуда вонегова корист е спречен да почне со изградба  на гаражата. 

Градоначаникот на Центар, Саша Богдановиќ најави  дека ова недела повторно ќе се сретне со Настески за да најдат решение катната гаража да не се гради на паркингот кај Автомакедонија.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ