Се повеќе млади сакаат да го фатат првиот лет и да си заминат од Македонија

Се повеќе млади сакаат да го фатат првиот лет и да си заминат од Македонија. Подобро образование, повисоки плати и политичка сигурност некаде надвор, се некои од причините кои ги тераат среќата да ја побараат на друго место.

Алармантните податоци ги објави Центарот за истражување и креирање политики, коj го мереше расположението на младите од 15 до 29 години.

Дел од младите кои ги затекнавме на скопските улици велат дека дури  имаат подготвено документи за во друга држава. Други не гледаат перспектива тука, но не сакаат да го напуштат домот.

Ниту семејството, ниту пријателите не може да ги разубедат оние кои решиле да си заминат. Во Македонија може да ги задржи повисока плата, динамична и интересна работа и подобар квалитет на живот.

Според истражување спроведено на интернет, речиси 80% од младите во Македонија сакаат да ја напуштат државата. Во анкетата, тие велат дека не сакаат само подобри работни места и повисоки плати, туку сакаат слобода и различност, а државата тоа не им го нуди. Од државата велат дека се посветени на креирање политики – како да стигнат од одлив до прилив на кадар.

Државата допрва ќе работи на креирање стратегија за млади. Признаваат дека голем пропуст на образовението е големиот број факултетски дипломи, а Европската унија бара државата да се обиде да ги задржи младите тука.

Во Македонија нема точна бројка колку млади се иселиле. Споредено со истражувањата на други организации, за три години, за речиси 30% се зголемил процентот на млади кои сакаат да се иселат.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ