Се повеќе бродови, јахти и чамци на охридското пристаниште а инфраструктурата непроменета со децении

Деведесет години старото градско пристаниште во Охрид станува претесно. Поради недостаток на простор и неможност непречено да се користи инфраструктурата охридфските едриличари велат дека биле приморани да го одложат годинешното издание на „Охрид сејлинг кап“. Тие обвинуваат дека владее хаос и безаконие на пристаништето и дека истото е блокирано од бродови и бараат надлежните институции соодветно да реагираат.

Капетанијата на пристаништата категорично ги отфрла обвинувањата на едриличарите кои, според неа, одговорноста за неодржувањето на спортската манифестација треба да ја бараат кај себе.

Со развојот на туризмот бројот на пловни објекти на Охридсото Езеро расте, но тој тренд не го следи инфраструктурата, што според Капетанијата е главна причина за проблемите во водиот сообраќај.

Се очекува до септември треба да биде одредена локацијата за изградба на неопходната марина на Охридското Езеро, чија изградба се најавува со децении особено во период на избори, но до сега ниту една политилка гарнитура го нема исполтено даденото ветување дека Охрид ќе добие модерна сообраќајна инфраструктура.

Горан Момироски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ