Се поништи одлуката на второстепената комисија за одбивање на дозвола за експлоатација на руда од Иловица

Управниот суд повторно го актуелизира прашањето за отворање на рудникот кај Иловица. Судот на 31 март донел одлука со која се поништи одлуката на второстепената комисија за одбивање да се даде дозвола за експлоатација на Еуромакс за рудникот Иловица. Оваа одлука се уште не е правосилна бидејќи во земјава е вонредна состојба. Предметот потоа оди на одлучува виш управен суд. Нејасно е зошто за оваа одлука се дознава по месец  и половина, и тоа го откриле активистите на Здрава котлина.

Активистите се децидни дека оваа битка не е завршена. Велат дека се подготвени на радикални чекори за одбрана на планината Огражден.

Од управниот суд побаравме образложение на пресудата, но рекоа дека одговор ќе испратат во текот на денот.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ