Се помалку првачиња во битолските училишта

Последиците од масовното иселување се видливи  во битолските училишта. Во оваа учебна година на училиште тргнуваат родените во 2012, кога во Битола, според податоците на Државниот завод за статистика, имало 881 живородено дете.  Но во прво одделение се запишани 782 ученика, а разликата од 99 покажува дека  најверојатно тие деца  веќе не живеат во Битола.  Исто така и намалениот наталитет ги празни битолските училишта, каде годинава има 200 првачиња помлаку од лани. Помалку  запишани се и во училиштето „Климент Охридски“ во Битола.

-Бројот на запишани првачиња во оваа учебна година е 104, тоа е помлаку од минатата година за околу 40 ученици, вели директорката на ОУ „Климент Охридски“- Битола, Гордана Анастасова.

Намалувањето на бројот на ученици не е единствениот проблем во битолското образование.  На прагот од новата учебна година, локалната самоуправ се соочува со огромен долг на училиштата од 4,5 милиони евра, таложен со години наназад, 10 од нив имаат блокирани сметки од 2012 и неплатени обврски,  а  на дел од училиштата потребна им  е реконструкција.

-Негрижата во изминатиот период  за сите образовни институции е повеќе од евидентна . Дури и оаму каде што започнавме реконструктивни зафати, при самото извршување се отвораа нови рани токм у заради таа негрижа со години наназад. Ни претстои макотрпен период за санирање на сосотојбите во училиштата во Општина Битола, вели градоначалничката Наташа Петровска.

Се празнат училиштаат и во другите Пелагониски општини. Во  Могила годинава се запишани  53 првачиња,  што е за 9   помлаку  од лани. Таму пак во 2012 година се родиле 66 деца, што значи дека 13 се отселиле од  могилските села. Во  Општина Новаци, истата година  се родиле 27 деца, но годинава во прво одделение се запишале само 17, а во споредба со лани, има  9 првачиња помалку.  Локаланата самоуправа на Новаци за секој првоодлеенец ќе додели парична помош од 4000 денари, а општина Могила ќе помогне со училишен прибор.

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ