Се помалку млади луѓе во источна Македнија

Истокот се празни. Младите масовно се иселуваат од државата, а  родителите чекаат подобро утре, со надеж дека нивните деца повторно ќе се врата во родниот крај. Арсовски е само едно одсемејствата кои од недомана се со преполовен број членови.

Домот на штипјанката Лидија Арсова се испразни, оваа мајка пред камерата на Телма сведочи за егзодусот, кој му се случува на источниот регион. Нејзините двајца синови со сопругите пред три години се иселиле во Германија, едниот со хрватски, а вториот со македонски пасош. Арсова сега е постојано на релација Штип-Германија, со цел да и помогне на своите снаи во чувањето на внуците.

Токму ниските плати, кои не се доволни за да се преживее од први до наредниот први во месецот, вработувањето со помош на партиските книшки се една од причините што младите високообразовани кадри си заминаа од земајава, покажаа и анализите на виничката невладина организација ИНИ Виница.

Заминуваат младите, но и цели семејства по подобра егизстенција во Германија, Италија, земјите од Скандинавскиот полуостров. Најнов тренд е печалба од три до шест месеци во Словачка, каде што работоспообно население заминува преку Агенции да работат во фабрики за телевизори или автомобиската индустрија. Најновите податоци кои ги објави штипската локална власт за иселените ученици се загрижувачки. За една година од штипските основни и средни училишта си заминале вкупно 77 ученици. Заедно со родителите се иселиле  или во странство или во Скопје

Невладините алармираат, а експертите бараат под итно да се преземат мерки, со цел овој процес да се стопира, а младите да бидат мотивирани и да останат во своите родни градови.  Миграцијата најмногу се чуствува во малешевскиот и кочанскиот регион, каде што овој процес удри и по квалитетот на животот. Нема работоспособно население за во фабриките, а ниту инжињери или лекари.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ