
Се помал интерес за сточарство во Струмичко
Планинските села во струмичко полека се откажуваат од сточарството.
Ако до пред една деценија стока чуваше секое семејство, сега стадата се драстично намалени, како и нивните одгледувачи.
Најавтентичниот белег на животот во високите места полека се губи.
Висока Маала ја посетивме во претпладневните часови. Период во кој стадата треба да се изведени на пасење во овој период од годината, но сончевите падини и полјаните се празни.
Реткост е да се види стока во целиот крај од Добрашинци, преку Нова Маала до Висока Маала.
Стотина километри источно, висорамнината Витачево на планината Кожуф зборува слична приказна. Мештаните се разочарани од условите во кои се одгледува и продава стоката.
Македонската ветеринарна комора исто така потенцира дека сточарството е во сериозен колапс и мора да се превземат мерки.
Од министерството за земјоделство велат дека се следи состојбата особено со откупот на јагниња и откако ќе ги имаат сите податоци ќе понудат мерки за надминување на проблемот.
Сузана Мицева