Се помал интерес за локалното новинарство

Платени како хонорарци а работаат со цело работно време и прекувремено без соодветни услови. Ваква слика за локалните новинари добила Платформата за истражувачко новинарство и анализи, на дебатите кои ги организирала во повеќе градови во земјава.

Речиси сите новинари од внатрешноста се соочуваат со исти проблеми, особено во однос на работничките права.

Поради ваквата состојба се намалува бројот на образовни кадри од областа на новинарството, а се поголем е бројот медиумски работници ја напуштаат оваа струка.

Во Тетово на пример има само по неколку новинари кои известуваат на Македонски и на Албански јазик. Дописната мрежа може да се каже дека е речиси згасната, велат од ЗНМ.

Дебатите за состојбата и предизвиците на новинарството надвор од Скопје, Платформата за истражувачко новинарство ги организира во рамки на Истражувачкиот филмски фестивал, на кој се промовира документарниот филм за атентатот на новинарката  Дафне од Малта.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ