
Се погласни барањата за ветинг во судството
Антикорупциска ќе ја проверува имотната состојба на судиите следната година, но од таму предупредуваат дека за спроведување на овој процес до крај, немаат доволно ресусри и кадар и зависи од други институции. Претседателката Ивановска објаснува дека прво можат да ја направат провеката дали судиите поднеле анкетни листови. Втората контрола е дали дале точни податоци и за оваа проверка треба да се обратат до други институции како катастар и МВР и др. Доколку се утврди дека кај некои судии има значителни отстапувања со реланите примања, следнен чекор е проверка на имотната состојба.
На тест треба да се стави и интегритетот на сегашните и идни судии. Само проверка на имотна состојба не е доволна за проветрување и селекција во правосудството, смета Ивановска
Министерката за правда минатата недела ги повика антикорупционерите и судски совет да ги искорисат законските механизми за проверка на судиите што го нарече мек ветинг додека да добие зелен светло од ЕУ за класичен ветинг. Премиерот Заев вели протресување на судии обвинители и политичари мора да има но паралелно да се внимава да не ни се случи Албанија, каде врховен и уставен останаа без судии.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера најави дека како партија ќе понудат методологија која што ќе обезбеди вистинска реформа за независно судство, независно обвинителство, мониторинг врз нив.
Елена Ивановска Мукоска