Се подготвува нов закон за амнестија

Владејачкото мнозинство смета дека  за иднината на државата неопходно е да има амнестија за дел од учесниците во настаните од 27 април , додека опозициската ВМРО ДПМНЕе одбива да учествува во работата на координативното тело кое ќе треба да го изготви законот. Бараат целосно ослободување на сите инволвирани во крвавиот четврток. Се сомневаат во селективна правда.

Социјалдемократите бараат подршка, за како што велат една добра и хумана идеја , како што е помирувањето.

Алијансата на Албанците предупредува дека настаните од 27 април не треба да се заборават .

Законот ќе се донесе до средината на декември и со него ќе бидат опфатени сите оние кои не извршиле насилство и не биле организатори. Доколку некој сака да ја отфрли амнестијата  и ќе сака по судски пат да докаже дека не е виновен, ќе треба да потпише изјава заверена на нотар.

Прашањето за  амнестија за осомничените од 27 април се отвори по отпочнување на постапката за пристапување кон уставните измени. Претходно, владејачкото мнозинство и Премиерот Заев на неколку наврати изјавуваа дека амнестија за крвавиот четврток никогаш нема да се случи.

Доколку се усвои овој закон, амнестија може да добијат и тројцата пратеници кои ги подржаа уставните измени, Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов . Законот нема да ги опфати само оние кои се обвинети за командна одговорност.

 

Јулијана Пешевска

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ