
Се отвори пункт за тестирање КОВИД 19 во поликлиника Чаир, деновиве нов пункт и во Идадија
Екипи на институтот за јавно здравје облечени во скафандери , со заштитана опрема на лицата влегуваа преку посебен влез во поликлиника Чаир и го подготват пунктот за тестирање на Ковид 19. Пунктот почнува да работи од денеска. Ќе виде отворен секој ден , шест часа дневно од 8 до 14 часот напладне.
Од рано утринава со полна пареа работеа и другите два пунктови во Скопје . Во поликлиниката Ченто и Јане Сандански вакви простории за земање брисеви има од минатата недела.
Дневно се тестираат околу 30 граѓани. Од Здравствен дом Скопје очекуваат бројката до крајот на неделата да достигне до 350 направени тестови .
Др. Виктор Исјановски вели дека се запазува граѓаните многу да не се рашетуваат и да одат на тестирање во општината каде што живеат, но и за тоа во овие вонредни услови постојат остапки па така некој што живее во Кисела Вода може да биде препратен на тетсирање во Ченто.
Една од просториите на поликлиника Идадија ќе прилагоди една од просториите за тестирање на корона вирусот. Со тоа ќе стане 4ти активен пункт со Скопје. Таму ќе бидат доставени 5000 теста кој ќе бидат бесплатни.
До петок се очекува да проработи и системот за мобилни тестирања . Вакви тестирања ќе се прават во местата и градовите коишто епидемиолозите ќе ги посочат како критични.
Здравствените власти доколку има потреба ќе поставуваат пункт во поликлиниката Ѓорче Петров како една од најфреквентните во Скопје.
Теодора Цветковска