
Се отстрануваат шахите на кои имаше симбол од сонцето од Кутлеш
Шестмесеци по потпишувањето на Преспанскиот договор, симболот од Вергина денеска беше отстранет од шахтите кај МЕПСО во Скопје.
Со договорот кој истече во понеделникот, власта се обврза симболот од Вергина да биде тргнат, а на спомениците што упатуваат на тој период да бидат ставени ознаки дека се дел од античката хеленска историја и цивилизација.
Сепак симболот на Вергина ќе може да се користи приватно, бидејќи договорот не забранува негово поставување на приватен имот.
„Јас лично не знам доколку сакам да го користам, кој би можел да ми забрани. Сигурно во дворовите во Грција може да се користи било што и никој не може да го забрани. Исто и тука на еден приватен имот кој сака може да си стави. Не е ова инквизиција да ги гониме луѓето, но државните институции треба да го почитуваат законот, а за непочитување на законите се разбира има санкции“, вели министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
Oпштините имаа рок од еден месец да го отстранат сонцето од Кутлеш. Овој симбол го има на споменици во центарот на Скопје, на шахти на водовод, на подземна електрика, на плочници во Скопје и други градови во земјава, спортски сали и игралишта, а го има и на неколку општински знамиња и грб. Па така меѓу првите кои треба да преземат чекори е Општина Македонска Каменица чиј грб го содржи сонцето од Кутлеш , исто како и Општина Могила.
Теодора Цветковска