
Се одлага седницата за 27-ми април, Апелација нема услови да ги спроведе владините препораки
Скопскиот апелациски суд ги одлага трите закажани термини за јавна седница за жалбите на пресудата за 27 ми април.
-” Јавната седница закажана за ден 18,19 и 20 март по предметот познат во јавноста како „27 Април“ се одлага, во интерес на јавното здравје и превенција, а во согласност со издадените мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, а како Апелациониот суд Скопје не е во состојба да обезбеди правилна примена на препорачаните мерки. Дополнително странките и јавноста ќе бидат известени за денот на одржување на седницата.” пишува во соопштението од скопска Апелација
Претходно од одбраната јавно побараа одлагање и прашуваа кој ќе гарантира за здравјето и безбедноста на ситеприсутните , обвинети, адвокати, полицајци и јавност чиј број може да биде и до 100 и истакнаа дека во салата во апелација нема услови за одалеченст од 1 метар.