
Се одбележува една година од првото вградување вештачко срце на пациент во Македонија
Со одбележи една година откако за првпат во земјава се изведе операција со вградување на вештачко срце на 47 годишниот Горан Спиров од Штип.
Револуционерната операција ја изврши проф. д-р. Александар Николиќ во приватната болница „Аџибадем Систина”, кој на пациентот му вгради механичко срце. Операцијата е успешна и тој сега може нормално да живее, па дури и да спортува.
За во иднина да се вршат трансплантации на срце потребно е да се направат законски измени, побараа докторите од приватните болници кои велат дека се подготвени на такви зафати. Здравствените власти уште лани најавија можност за трансплантации на срце во приватните болници.