
Изборот на нов гувернер ставен на Дневен ред во Собранието
Денеска истекува мандатот на гувернерот Димитар Богов. Изборот на Анита Ангеловска Бежоска за негова наследничка е се поизвесен. Ова за Телма го потврдија високи партиски извори, според кои колациските партнери во владата ги усогласиле ставовите за избор на Бежоска. Ова значи дека ДУИ се откажува од предлогот во гувернерското столче да седне Фатмир Бесими.
СДСМ експресно ја даде поддршката за Бежоска, а опозициската ВМРО ДПМНЕ чиј фаворит беше актуелниот гувернер Димитар Богов пак сеуште молчи и не открива кој ќе биде нивниот став по однос на ова прашање.
Дел од експертите сугерираат да се искористи последната шанса и да не се остави НБРМ ниту еден ден да остане без гувернер. Во спортивно велат тие земјата ќе се најде во недозволив вакуум период во кој оваа значајна финансиска институција нема да може да функционира бидејки вицегувернерите не може да ги супституираат функциите на гувернерот. Професорот Никола Поповски пак смета дека изборот е извесен и да не се стравува доколку тоа потрае неколку дена.
За да помине предлогот нов гувернер на Централната Банка да биде Анита Ангелоска Бежоска “за” треба да гласаат најмалку 61 пратеник.Таа како предлог уследи откако Богов кој иако претходно беше предложен за втор мандат од страна на Иванов ја повлече кандидатурата под влијание на како што кажа реакциите во јавноста и роковите за гувернер.