Македонија Се очекува да заврши расправата од втората фаза за за уставните амандмани
Се очекува денеска да заврши расправата од втората фаза за за нацрт уставните амандмани за измане на Уставот и да се прифати текстот на 33-от амандман. Продолжението на седницата е закажано за денеска.
Вчера се расправаше за првиот нацрт амандман. Зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, освен во членот 36 кадешто името има историски контекст.
За опозициската ВМРО ДПМНЕ, овој нацрт текст на уставниот амандман значи дека стануваме северномакедонци. Владата тврди дека идентитетот на македонскиот народ и македонскиот јазик не се доведени во прашање, а со оваа географска одредница се отвараат сите перспективи за земјата.
Опозицијата повика на признание дека со овој еден амандман ќе се менуваат 51 член на Уставот. Алијансата за албанците и опозициското крило на БЕСА посочија дека во Уставот треба да се прецизира кој е јазикот што го говорат 20 одсто жители.



