
Се намалуваат трошоците за специјализантите
Се скатува времето што специјализантот треба да го одработи во здравствената установа по завршувањето на специјализацијата. Со измените во законот за здравствена заштита, намалена е и висината на средствата што треба да ги надомести доколку предвреме ја напушти болницата. Од здружението на лекари специјализанти ја поздравуваат измената на законот, за која како што велат со години се бореле за позитивни промени и подобрување на статусот на специјализантите, а се со цел да се намали одливот на лекари од земјава.