Се намалува цената за пренос на гас и за дистрибиција во скопските слободни зони

За околу 12 отсто ќе се намалат цените за пренос на природен гас, говорат пресметките на Регулаторната комисија за енергетика. Пониска цена ќе има и за дистрибуциција на гасот, за 3 отсто во скопските технолошко индустриски развојни зони, најавува првиот човек на РКЕ, Бислимовски. Тоа ќе ги намали трошоците на компаниите кои се приклучени на преносната мрежа, но и на компаниите на дистрибутивната мрежа во ТИРЗ-овите. За градот Скопје, пак, кој за таа намена формираше и јавно претпријатие, треба да значи поттик за сериозна гасификација во наредната година.

Скопјани можат да се надеваат и на поевтино парно, но дури од август наредната година, со оглед што Регулаторна еднаш годишно, во јуни, носи одлука за цената на топлинската енергија, која треба да се намали токму заради пониските трошоци на топланите.

„Имајќи предвид дека на преносната мрежа на природен гас се приклучени пред се индустриски потрошувачи, тоа ќе значи намалување и на трошоците за индустријата во Македонија, но и намалување на трошоците и за топланите во градот Скопје, имајќи предвид дека сите користат природен гас. Значи, ќе има позитивно влијание и врз цената на топлинската енергија, која ќе ја носи РКЕ во јуни“, вели Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Цената за дистрибуција во Струмица и Куманово останува иста, РКЕ на јавните претпријатија во овие два града ќе им помогне да стартуваат со нов начин на тарифирање до крајните потрошувачи, со цел колку што е можно повеќе да ги намалат трошоците за гас кај домаќинствата.

МГС Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика 4.52 до 5.06

„Околу 100 домаќинства во тие два града користат природен гас, и ова е со цел да се поттикнат што повеќе домаќинства да се приклучат на дистрибутивните мрежи во овие два града“, вели Бислимовски.

Пред компаниите регулаторите денеска предлагаат и нов пристап на тарифирање на потрошувачите кои се приклучени на преносната мрежа која е во сопственост на АД ГАМА, со намера да се воведат различни категории потрошувачи.

Со оглед на падот на цената на нафтата, Бислимовсски очекува и намалување на самата цена на природниот гас во нивните пресметки, во наредните квартали.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ