
Се намалува смртноста на новороденчињата во Македонија
Се намалува смртноста на бебињата, тврди министерот за здравство Венко Филипче. Во првите шест месеци од годинава, споредено со истиот период лани, смртноста на новороденчињата на Клиниката за гинекологија (ГАК), е намалена од 26 на 17 насто, односно од 82 на 57 починати новороденчиња.
Беким, бебе кое е родено на ГАК, во 23-тата недела и три дена е најмладото, незрело преживеано бебе на Балканот. Бројките заклучно со март годинава, беа 35 починати бебиња, што ја вброи Македонија, како втора земја по смртност на бабињата во Европа.
Министерот Филипче најавува и едукација на докторите од Клиниката за гинекологија, со доктори од Клиниката „Мајчин дом“ од Софија, врз основа на договорот за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија.