
Се намалува бројот на првачиња во источна Македонија
Единасетте општини од истокот во прво одделение запишаа 11 парлалелки помалку од планираното, или во првиот уписен рок се запишале 300 првачиња помалку. Училиштата имаат надеж дека бројка ќе се зголеми во август. Ако пред неколку години овој негативен тренд најмногу се чувствуваше во Малешевско-Пијанечкиот регион, сега во минус е и Штип, каде што над 100 првачиња се уште не се запишани.Кочанскиот градоначалник, Николчо Илијев вели дека бројката е според очекувањата, а оваа година иселувањето најмногу се чувствува во селото Оризари.
Доколку пред половина век се инвестирало во инфраструктура, водоводи и канализации во селата во Брегалничкиот регион процесот на миграција не би бил толку голем сметаат градоначалниците. Тие во моментов со сопствени средства или со помош на централната власт работат на инфраструктурните проекти. Бараат реформи во образованието, кое ќе го одговори на реалниот сектор и зајакнување на урбаните заедници.
Приказната со иселувањето и негативниот прираст на населението на истокот не е нова. Затоа секоја септември нормално е локалните советници да донесуваат одлуки за формирање на паралелки со помал број на ученици, а во се уште живите села да се формираат и комбинирани паралелки.
Викторија Јованова