Се комплетираат кандидатурите за претседател на државата (видео)

Се комплетитаат кандидатурите за претседател на државата во Државната изборна комисија. Пред малку беше поднесена кандидатура на Стево Пендаровски. Пред неколку дена поднесе и Блерим Река, кандидат на албанската опозиција.

Мирна, достоинствена и демократска кампања, најави денеска Александар Кирацовски, шеф на Изборниот штаб на кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски откако до ДИК и официјално ја достави кандидатурата за претстојните претседателски избори, со 32.000 потписи од граѓани.

Кандидатурата на Пендаровски, како што појасни генералниот секретар на СДСМ, е поднесена само со потписи од граѓани со оглед на тоа дека ДИК дава можност тоа да се стори на таков начин или со потписи од пратеници.

Освен класичните средби со граѓани, митинзи, дебати, Кирацовски најави и активирање на социјалните медиуми и сите форми на претставување кои се користат во новото време за најдобра презентација на нивниот кандидат.

Веднаш по поднесувањето на кандидатурата на Пендаровски, во ДИК пристигнаа и претставници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за да ја достават кандидатурата на нивниот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ